По двегодишна подготовка, реконструкција и модернизирање на производните капацитети, кон крајот на овој месец Битолската пиварница повторно ќе почне со продажба на пиво кое изминативе месеци поминуваше низ процес на производство. Во периодот од преземањето на фабриката во 2010 година до сега, за реконструкција се вложени повеќе од 10 милиони евра, најголем дел во нова опрема која овозможува мониторирање и комплетно автоматизиран процес на производство според европските стандарди. Реконструкцијата на фабриката се работеше по германски проект и сега Битолската пиварница поседува сопствена котлара, ново одделение за подготовка на квасец, нова врвна опрема за третман на вода од светски познатиот германски производител Беркефелд, како и комплетно нова линија за производство на транспортна амбалажа.
По двегодишна подготовка, реконструкција и модернизирање на производните капацитети, кон крајот на овој месец Битолската пиварница повторно ќе почне со продажба на пиво кое изминативе месеци поминуваше низ процес на производство.
Во периодот од преземањето на фабриката во 2010 година до сега, за реконструкција се вложени повеќе од 10 милиони евра, најголем дел во нова опрема која овозможува мониторирање и комплетно автоматизиран процес на производство според европските стандарди.
- Реконструкцијата на фабриката се работеше по германски проект и сега Битолската пиварница поседува сопствена котлара, ново одделение за подготовка на квасец, нова врвна опрема за третман на вода од светски познатиот германски производител Беркефелд, како и комплетно нова линија за производство на транспортна амбалажа - велат од Пиварницата.
Во моментов во Пиварницата се вработени 80 луѓе, а планирани се уште 20 нови вработувања. Предвидено е годишно да се произведуваат околу 30.000 тони пиво кои ќе бидат дистрибуирани во Македонија и во соседните земји.
Изградбата на Пиварницата Битола почна во 1970 година, а за прв пат беше пуштена во употреба во 1972 година, а беше во сопственост на ЗИК Пелагонија. Потоа се подели на шеќерана, квасара и пивара. Во период од две години пиварата беше во сопственост на Силекс. Во март 2000 година овој индустриски капацитет беше преземен од компанијата Кенри од Швајцарија, кога беше откупен државниот капитал од Пиварницата. Од 2010 година таа е во сопственост на компанијата Марди од Радовиш, која ја купи фабриката на лицитација за два милиона евра.